Дома ИСХРАНА Доручек на врвни спортисти кој ви дава сила

Доручек на врвни спортисти кој ви дава сила

1283
СПОДЕЛЕТЕ

Што јадевте ова утро за доручек? Секој сериозен спортист  кој сака да постигне резултати мора да и посвети внимание на исхраната.

“Не бев гладен. Немав веме за доручек. Не сакам дробени снегулки”, се најчестите изговори кај оние кои не го сакаат доручекот.

Дали ви е доволно да знаете дека Michael Phelps НИКОГАШ не го прескокнува доручекот! НИКОГАШ!

Математиката е всушност многу едноставна: Правилната исхрана и квалитетниот доручек  со кој ќе го започнете денот, ќе ви биде предуслов за добар тренинг и напредок. Доручекот има многу придобивки за кои многу не се свесни:

  • Го подобрува вкупниот нутритивен план – квалитетниот доручек е одличен почеток на денот, а после ваков оброк се смалени шансите дека за ручек ќе внесете нешто не здраво. Квалитетниот доручек е психолошки поттик за и следните оброци во денот да бидат “по правилата”.
  • Ја подобрува целокупната состојба на организмот – во текот на целиот ден ќе се чувствувате полни со енергија.
  • Ја намалува опасноста од повреди – доручекот е многу важен за спортисти кои имаат повеќе од еден тренинг во денот. Затоа е многу важен внесот на јагленихидрати кои даваат енергија за физичките напори, а неговиот недостаток го загрозува имунолошкиот систем и ја зголемува опасноста од повреди.

И што да се јаде за доручек? Секој од нас е различен и има различни нутритивни потреби, а со тоа нема едно решение што на сите ќе им биде по мерка. Еве неколку предлози од кои сигурно ќе го најдете вистинскиот за вас:

  • Омлет од белки и свеж спанаќ со една доза дробени снегулки,
  • Smoothie од природен путер од кикирики, нискомаслено млеко, 1 банана и една доза протеин
  • Една доза дробени снегулки со една доза протеин и пола рака суво грозје

Откако доручекот ќе ви стане главен оброк секое утро првите промени ќе ви бидат, подобро расположение, повеќе енергија на тренинг и брз напредок. А што сакате повеќе?