Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Кро Коп  се потсети на почетоците, тренинзите во “гаражата-кочина”  и појавата на...

Кро Коп  се потсети на почетоците, тренинзите во “гаражата-кочина”  и појавата на легендарниот надимак

342
СПОДЕЛЕТЕ

cro-cop-facebook-1

Откако го објави  крајот на кариерата, Мирко Филипович, како и многу други кои  пред него го направиле истиот потег, се присети на раните почетоци и причините поради кои се одлучил да се посвети на боречкиот спорт, спортот кој и многу години по неговото заминување ќе ги памти некои од неговите најдобри претстави кои ги режираше на најголемите светски  фази.

“Како дете бев живчан, а веќе кога имав 10-11 години, го замолив татко ми да ми направи тегови.Прво направи некои од железничка шина, а  на 12 години јас веќе правев  згибови и други вежби со сопствена тежина. Во тоа време сакав и да трчам, а настапував и во атлетски трки.”, се потсети Мирко на детството и првиот допир со спортот па продолжи со описот на просторијата во која  тогаш најмногу тренирал.

“Тоа беше пола гаража, а пола штала затоа што на другата страна на ѕидот навистина беа свињите. Беа тука и пукнатини , моето место за тренирање од  едната страна беше отворено. Знаеа тука да бидат и наноси од снег, но и тоа мене не ми сметаше. Татко ми доагаше околу 23 часот да ме предупреди дека е доволно, после четири часа неуморно удирање во вреќа и вежбање со тежина.”

Се потсети Кро Коп во оваа прилика и на професионалното деби кога со 21 годишна возраст го шокираше Французинот Jerom Le Banner, како и она што следуваше подоцна. Да се потсетиме, одкако се прослави во кикбоксот, Мирко се посвети на аматерскиот бокс каде бележи 48 победи во 56 настапи, а покасно се одлучи да премине во светот на ММА борбите.

Разговарајќи за тој период, се потсеќа на освојувањето на Pride Grand Prix 2006, кој го посвети на својот починат татко Жарко, а во текот на златните денови ја откри и приказната за настанокот на легендарниот надимак “CRO COP”  кој му го предложил тогашниот менаџер Орсат Зовко.

” Орсат беше мој менаџер кога во 1991 се враќав во Јапонија. Тој тогаш многу ми помогна околу визуелниот идентитет. Направи видео со мојата борба, но и каталог со кој ме презентираше пред Јапонците, а и мојот надимак Кро Коп настана низ разговор со него. Моравме да најдеме борбено име затоа што сите борци го имаа, а тој го предложи Кро Коп и мене тоа одма ми се допадна.

Ова е само  дел од  интервјуто во кое Филипович за Вечерни лист пројде дел од својата кариера и во кое открива занимливи факти за работите по кои денес го познава цел свет.