Дома ММА “Конор МекГрегор не е отиден дома повеќе седмици, тој е опседнат со...

“Конор МекГрегор не е отиден дома повеќе седмици, тој е опседнат со Хабиб”

261
СПОДЕЛЕТЕ

Бифшиот шампион во две категории конечно ќе се врати во кафезот на UFC 229 на 6ти Октомври. Тој ќе се соочи со досега, најголемиот негов тест односно предизвик, Хабиб Нурмагомедов и свесен е за тоа. Конор ги одбил сите медиумски настани и исто така е отргнат од својата фамилија и пријатели и е преселен во салата во која тренира.

Дејв Мелтзер: “Една од причините поради кои немате видено никакви итервјуа и прес конференции тоа е поради тоа што МекГрегор несака. Немаат одредено конкретни дати за прес конференциите бидејќ МекГрегор сеуште не се согласил. UFC искажува многу незадоволство од односот на МекГреогр, но на крај тој има потпора, а резултатите од продажбата на билетите и резултатите од секундарниот пазар му даваат само поголемо влијание “.

“Знаеме дека ова ќе биде најголемиот “PPV” настан, МеГрегор ќе земе голем дел од “колачот”, тој може да бира дали да дава изјави, да губи време или да се посвети 100% на борбата, а по неговите реакции свесен е дека го чека тешка борба и поради тоа не сака да губи време”.

Ова е мала промена, но да видиме дали сега ќе биде на друго ниво, дали ќе биде “различен” и во кафезот како што сега е пред борбата. Сите сме ги виделе неговите изјави, неговите “навредувачки” изјави.

Останува да стрпиме и да видиме што ќе се случи на 6-ти октомври !!!