Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ (ВИДЕО) Борец уметник! Погледнете ги 5-те најдобри завршници од УФЦ кариерата на...

(ВИДЕО) Борец уметник! Погледнете ги 5-те најдобри завршници од УФЦ кариерата на Доналд Сероне

193
СПОДЕЛЕТЕ

Малку повеќе од три месеци по неговата последна победа на првиот овогодишен УФЦ настан, дојде време за нов настап на Доналд Сероне. Каубојот се враќа во октагонот овој викенд, да се бори против Ал Иакуинта. Како вовед за оваа борба погледнете ги најдобрите 5 потези на Доналд Сероне.

Со импресивен перформанс во последните два меча, Сероне успеа да постави неколку нови УФЦ рекорди. Со последниот настап поправи два рекорда, кои пред тоа исто така тој ги имаше поставено, оној за најмногу УФЦ победи и најмногу победи со прекин, но и постави рекорд за кој би се очекувало да обработи минимум две борби. Но, кога ке покажете таков перформанс како тој против Александер Хернандез, тоа може да се постигне и во една борба. Тој стана освојувач на најмногу бонуси заработени после борба.

Сето тоа Сероне не би го постигнал без својот атрактивен стил на борба. Тој е еден од најразновидните ММА борци во светот и во секоја борба најавува и прикажува нешто ново што досега не е видено. Многу од своите противници ги изненадува со нови техники, а одреден број од нив така беа завршени.

Пред многу интересната борба во сабота против Ал Иакинта, можеби најинтересна борба во овој месец, на Ју Туб каналот на УФЦ можете да ја видите компилацијата од 5те негови најдобри потези.

Одбрани се четири нокаути, против Адриен Мартинс, Џим Милер, Рики Стоун и Мет Браун, но и полугата со која го совлада Мајк Пери. Тешко дека некој ќе најде замерка на овој избор, но неговата компилација слободно може да се прошири и до 10 неверојтани потези.

На вас останува да погледнете што одбрала екипата на УФЦ и така да се припремите за предстојниот викенд. Се надеваме дека Ал Иакинта е спремен, бидејќи тоа може да биде борба за памтење!