Дома БЏЏ “BJJ Black Belts Camp” – Охрид 2017

“BJJ Black Belts Camp” – Охрид 2017

208
СПОДЕЛЕТЕ

Овој викенд во Охрид се одржа традиционалниот Камп за бразилска џиу џица кој оваа година беше предводен од 2 црни појаси во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски и Проф. Стефан Криег – првиот австралијанец кој освоил златен медал во граплинг на еден од најсилните светски натпреварувања кое секоја година се одржува во Абу Даби.

Официјалниот дел од семинарот се одржа во саботата и неделата.

Во саботата се одржа утрински тренинг со членовите од клубовите за БЏЏ “ROOTS BJJ” и “THE STRONGEST” каде што Проф. Наумоски и Проф. Криег покажаа неколку интересни и лесно применливи техники. Во вториот дел учесниците имаа можност да направат спаринг со Проф. Наумоски, Проф. Криег и останатите повисоки појаси кои учествуваа на семинарот.

Во вечерниот термин од 17 – 20 часот се одржа официјалниот семинар за бџџ со кимоно. Беа прикажани и увежбувани техники од стоечка позиција, техники на превртување од гард итн.

По завршување на техничкиот дел беа доделени нови повисоки појаси и ленти.

По 14 години активен тренинг во својот матичен клуб во Австралија, Проф. Наумоски му го додели црниот појас во БЏЏ на Таше Трајковски.

По повеќе од 5 години како бели и плави појаси и успешно предводење на своите бџџ клубови со повисок виолетов појас се стекнаа:

Истотака по повеќе од 5 години како син појас, со виолетов појас се стекна Ариан Јусуфи.

На линкот може да видите како изгледа едно доделување на повисок појас во БЏЏ…https://www.facebook.com/arian.jusufi.71/videos/10155551868744174/

Со повисоки сини појаси се стекнаа:

  • Панче Темелковски;
  • Антонио Трајковски;
  • Марија Ристевска;
  • Душан Јаначиевиќ.

Со втора лента на кафениот појас се стекна Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица, а Мухамед Џевахир се стекна со првата лента на кафениот појас.

Во неделата учесниците имаа чест да учат од еден светски шампион во Но Ги, Проф. Стефан Криег. Тој демонстрираше извонредни техники, лесно применливи, покажа неколку дрилови за увежбување на техниките.

На ММА семинарот Проф. Наумоски покажа теники кои се неопходни кога борецот е во гард (долна позиција).

Радува фактот што БЏЏ се повеќе е прифатена и од понежниот пол и на овој семинар девојките земаа значајно учество.