Дома ММА Андерсон Силва не се откажува: Најавува дека се враќа во октагонот во...

Андерсон Силва не се откажува: Најавува дека се враќа во октагонот во Јануари!

74
СПОДЕЛЕТЕ

Многу ќе кажат дека е најдобриот во историјата на ММА спортот, Андерсон Силва, би се вратил во акција во Јануари 2019 година. Тогаш овој бивши УФЦ шампион ќе има 44 години!!!

Инофрмацијата за тоа кога би го виделе Бразилецот да се бори повторно дојде од самиот борец во одговор на една порака на друштвените мрежи. Да се подсетиме дека “пајакот” не сме го виделе да се бори од Фебруари 2017година, но падна на допинг тест. Подоцна беше откриено дека станува збор за контаминирани суплементи, така што неговата казна беше сведена на само една година и завршуваво ноември.

Покрај лошите резултати во последните години Бразилецот не се откажува од својата кариера. Првиот пораз го доживеа во 2013 година, по 10 успешно одбранети титули во средната категорија, и поради тоа тој изгледаше недопирливо. По два пораза од Веидман, следува “no-contest” со Диаз, па пораз од Кормиер и Биспинг. Дури на последната борба се запиша во колоната на победниците. За прв пат по четири години.

https://twitter.com/guicruzzz/status/1045120026330767366/photo/1

“Пајакот” во професионалната кариера има 34-8-1. Во овој момент не се знае кои се потенцијалните противници за оваа легенда!