Дома ИСХРАНА 5 начини на кои исхраната влијае на вашиот секојдневен живот!

5 начини на кои исхраната влијае на вашиот секојдневен живот!

133
СПОДЕЛЕТЕ

Правилната исхрана е битна од повеќе причини, но повеќето луѓе сепак имаат изговори од типот:

“Немам време…”

“Неможам да си дозволам…”

“Незнам како..”

Доколку ја игнорирате основната исхрана, само го попречувате патот на Вашето здравје и среќа.

Исхраната влијае на Вашето физичко и психичко здравје, доколку имат здрава исхрана ќе имате позитивни промени во вашиот секојдневен живот.

Нивото на вашата енергија

Исхрана со повеќе богати хранливи материи значи дека ќе имате повеќе сила низ Вашиот работен ден, Вашиот тренинг и сите оние обврски кои треба да ги завршите.

Ако го користите “Немам време” изговорот за да не се грижите за Вашата исхрана, ова всушност може да биде вашето решение. Похранливите оброци ви даваат повеќе енергија, што е токму она што ви е потребно за да ги завршите вашите секојдневни обврски. Можеби ќе завршите побрзо и ќе имате време да подготвите повеќе хранливи оброци за следниот ден! 🙂

Вашата тежина

Преземањето контрола околу Вашата тежина е полесно отколку што мислите. Вие само треба да обрнете внимание на хранливите факти и да направите паметен избор што да консумирате.

Како што кажавме погоре, подобрата исхрана исто така поттикнува повеќе енергија, така што ќе можете да го извежбате тренингот без никаков проблем. Освен што Ви помага да се држите со Вашиот план за тренинг, добрата исхрана значи дека вашето тело добива се што му е потребно.

Процесот на стареење

Сакате да живеете подолго и подобро? Време е да почнете да ја следите хранливата вредност на храната што ја консумирате.

Обрнувајќи внимание на исхраната можете да додадете дополнителни години и квалитет во Вашиот живот. Некои хранливи состојки ги зајакнуваат Вашите дигестивни функции и имунолошкиот систем, кои ќе работат против дегенеративните промени кои се јавуваат во овие телесни системи како што стареете.

Функцијата на мозокот

Дали некогаш сте ја слушнале фразата “Храна на мозокот” ? Изгледа дека не е трик за да се натераат децата да јадат зеленчук. Храната со повеќе хранливи материи како ореви, семиња и авокадо содржат омега-3 и омега-6 масни киселини кои се одлични за функцијата на мозокот.

Боровинки – можат да ја подобрат краткотрајната меморија

Семки од тиква- тие ги подобруваат вештините за меморија и критичко размислување

Брокула – ја зголемува когнитивната функција

Вашиот имунолошки систем

Покрај борбата против болести, добро избалансираната, хранлива исхрана може да ги задржи вообичаените болести подалеку од Вас. Вашиот имунолошки систем бара витамини и минерали кои ги има во Вашата секојдневна исхрана за да останете активни на највисоко ниво.Следниве витамини и минерали може да придонесат за посилен имунолошки систем:

Витамин А

Витамин Б2

Витамин Б6

Витамин Ц

Витамин Д

Витамин Е

Цинк

Селен

Ако се сомневате дека вашата исхрана не му придонесува на Вашето тело хранливи материи што му се потребни (особено ако имате специјални диететски ограничувања како веганството или вегетаријанството), размислете за земање мултивитамински или минерални додатоци.

Автор на трекстот: Михаил Поповиќ